Потенцијалните причини за болка под ребрата се толку различни што може да изгледа застрашувачки, особено што кафезот на ребрата содржи многу органи, а областа под ребрата е подеднакво голема. Различните причини може да помогнат да се утврди изворот на болката и да се добие соодветен третман.

Најчести причини за болка под ребрата и нивни симптоми

Причини за болка под ребрата

  • Воспаление: Општо воспаление или воспаление на белите дробови може да предизвика болка под ребрата и од двете страни.
  • Повреда: Директен, силен удар на ребрата може да предизвика скршеници и со тоа да се појави болка под ребрата. Колку е посериозна скршеницата, толку посериозна и поостра е болката.
  • Дигестивни проблеми: Опстипација, жиговина и останати дигестивни состојби може да предизвикаат подуеност и болка под ребрата.
  • Диспепсија: Претставува нарушена дигестија и се манифестира со болка под ребрата, жиговина, мачнина.
  • Чир на желудникот: Настанува со оштетување на гастоинтестиналната слузокожа. Се манифестира со изнемоштеност, мачнина, загуба на апетит, умерена болка под ребрата, стомачни грчеви.
  • Жолчни камења: Тоа се цврсти формации кои го попречуваат протокот на жолчката. Се манифестираат со ненадејна и остра болка под ребрата, повраќање, покачена телесна температура.
  • Акутен гастритис: Настанува со воспаление на внатрешноста на желудникот. Се манифестира со подуеност на стомакот, болка под ребрата, повраќање, непријатен здив.
  • Норовирус: Вирусна инфекција која се манифестира со ненадејни дијареја, повраќање и болка под ребрата.
  • Холецеститис: Настанува со воспаление на жолчното ќесе. Се манифестира со остра и силна болка под ребрата која може да трае подолго време, гадење, повраќање.
  • Гастроезофагеална рефлуксна болест: Настанува со враќање на стомачната киселина назад кон хранопроводот. Се манифестира со жаречка болка во грлото, болка при голтање, мачнина, болка во градниот кош и болка под ребрата.

Како да ја третирате болката под ребрата во домашни услови

Домашен лек за болка под ребрата

Доколку станува збор за минимална повреда на ребрата како модринка и забележувате подуеност и чувствувате болка под истите, тогаш одмарајте најмногу што можете и нанесете ладна облога на местото каде ја чувствувате болката.

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за болка под ребрата

Веднаш штом ќе почувствувате остра болка или непријатно чувство под ребрата, болка при дишењето и отежнато дишење или болка кога ќе го придвижите телото во специфична положба, болка или притисок на градниот кош веднаш обратете се на лекар.

Во кратки црти

Болката под ребрата предизикува навистина непријатно и болно чувство, а може да настане поради најразлични причини. Иако некои од нив се минорни и болката може сама од себе да исчезне, сепак обратете внимание на потенцираните загрижувачки симптоми погоре и во дадената ситуација обратете се на лекар.