Се наближува најголемиот христијански празник, па затоа ви ја откриваме најпрекрасната техника за бојадисување на јајца, која воопшто не е скапа, а дава извонреди резултати.

Станува збор за бојадисување на јајцата на пареа, за која не е потребно никаква вештина, бојата останува преубава, а шарите сами се формираат.

Техника за бојадисување јајца на пареа

Ќе ви биде потребно

  • Вештачки бои во ќесичка, по ваш избор
  • Малку оцет
  • Поглемо тенџере
  • Цедалка

Начин на подготовка

Наполнете го тенџерето со малку вода, а во цедалката поставете ги јајцата и врз истите нанесете малку оцет и поставете ги на оган. Додека вода се вари, одозгора нанесете ги боите, а потоа поклопете го тенџерето со капак, за да пареата ги соедини боите, 10-20 минути, колку што е потребно.

Детално погледнете ја целата постапка во следното видео: