Најверојатно веќе сте помислиле дека не постои метод за бојадисување на велигденските јајца кој може да ве изненади или воодушеви. Но, следната уникатна техника лесно може да ви стане омилена, а еве и зошто.

Секое јајце ќе стане чудесно и неверојатно прекрасно, притоа нема да добете две исти, што ја прави техниката уште пооригинална. Еве како се прават извонредните „вулкан“ јајца:

„Вулкан“ јајца

Ќе ви биде потребно

  • Тврдо сварени јајца
  • Боја за храна
  • Оцет
  • Сода бикарбона
  • Четки за цртање
  • Неколку чаши
  • Плитка и широка чинија
  • Чаша вода

Начин на подготовка

  1. Подгответе боја од содата, користејќи (приближно) 1 супена лажица сода бикарбона, неколку кафени лажици вода и малку боја за храна. Измешајте ги сите состојки заедно и експериментирајте, додека да ја добиете неопходната конзистенција.
  2. Со соодветна четка започнете да цртате цветови врз јајцата.
  3. Со пипета нанесете капки од бојата за јајца врз јајцата.
  4. Сега излејте го оцетот врз јајцето и набљудувајте како „вулканот“ се активира пред вашите очи. Секој пат ќе биде различно убаво, во зависност од боите кои сте ги избрале.
  5. Повторете ги чекорите 2,3 и 4 колку сакате и кога ќе бидете готови, поминете на следното јајце.
  6. Со крпа впијте го вишокот оцет или едноставно оставете ги јајцата да се исушат.