За овој ефикасен метод на брзо чистење на микробрановата нема да ви бидат потребни лимони, односно лимонска киселина, ниту оцет, ни сапун, дури нема да ви биде потребна ниту вода.

Методот е необичен и нов, но поради својата ефикасност стекна неверојатно огромна популарност.

Нов необичен метод за ефикасно и брзо чистење на микробранова

За да го реализирате метод, едноставно ќе ви бидат потребни обични бебешки влажни марамчиња. Поставете 5-6 од истите внатре во микробрановата. Исто така се препорачува внатре да поставите и предмет, односно не се препорачува да го вклучите уредот без никаков сад внатре.

Следно, вклучете ја микробрановата печка на 2 минути, а потоа едноставно избришајте ги ѕидовите и чинијата со истите марамчиња. Наталожените масни наслаги веднаш ќе се одделат од површината, а уредот повторно ќе заблеска како нов.