Следното кулинарско видео предизвикува три готвачи на три различни нивоа- Аматерско, домашно приготвено и професионално, а нивна задача е, секој на свој начин, да приготви своја верзија од омлет.

На крај од видеото, кон предизвикот се приклучува и научник за храна, да даде експертска реценција за секој омлет поедничено.

Во подготовката учествува Емили која е готвач на прво или аматерско ниво, Лоренцо се наоѓа на второто ниво и омлетот ќе го приготви на домашен начин, а со нив заедно учествува и Барб која е готвач на највисокото ниво, трето или ниво на професионалец.

За својот омлет Емили ќе употреби шунка и зеленчуци, Лоренцо пак за своето дело ќе користи шампињони, кромид, сланина, праз и црвена бабура, додека пак Барб, на професионален начин ќе ни подготви омлет од префинети состојки како козјо сирење, маслиново масло и печурки.

Погледнете и сами проценете: Кој омлет ви изгледаше најдобро?