Да внесеме малку позитивност и да не заборавиме дека во секоја лоша ситуација, постои добро, кое и на крај победува. Следната приказна е доказ дека сè уште постојат луѓе со огромно срце кои сакаат да помагаат.

Да земеме пример од нив!

Запознајте ја 80-годишната баба Златка од Приморско, Бугарија. Пред неколку дена, во соседството, тамошните аптеки објавија дека побарувачката за заштитни маски го надминала максимумот и залихите се веќе потрошени.

Но, наместо оваа ситуација да ја исплаши, баба Златка работата ја презеде во свои раце. И така, таа започна прва да шие маски, за кои не бара никакви пари. Истата зад себе има кројачко искуство од 50 години, а по нејзиниот златен пример, веднаш и други сограѓани од истата професија се приклучија во процесот на изработување маски.

Маските се наменети за повеќекратна употреба и се подаруваат на граѓаните од Приморско.