Истражувачите пронајдоа докази за огромен „сабја-заб“ тигар што ловела носорози
Големите мачки се величествени ѕверови, но порано имало многу повеќе видови и секако биле поразлични од оние кои ги гледаме денес. Истражувачите откриле дека сабја-заб тигар, со тежина до 400 килограми, доминирал на територијата на САД пред околу 5-9 милиони години.
Истражувањето објавено во „Журнал за еволуција на цицачи“ сугерира дека оваа ѕверка ловела големи животни со тежина од 700 килограми. Се верува дека мачката е една од најголемите во историјата, а откритието доведе до дополнителни прашања во врска со распростанетоста на различните видови цицачи низ Светот.
Коавторот на студијата, Џонатан Каледи, асистент професор по еволуција, екологија и биологија на кампусот Марион на Државниот универзитет во Охајо, вели:
„Ние веруваме дека станува збор за ѕверки кои рутински ловеле животни со големина на бизон или носорог. Оваа мачка била дефинитивно најголема во тоа време“.
Авторите на студијата заклучија дека пронајдениот фосил е далечен „роднина“ на најпознатиот сабја-заб тигар позната како Смилодон. Примерокот што ја започна студијата беше пронајден во Орегон, САД, и оттогаш има слични фосилизирани пронајдоци.
За да добие идеја за големината на античката мачка, истражувачите ги споредиле големината на хумерусот и телесната маса кај современите големи мачки со фосилите. Се покажа дека хумерусот на современите мачки е многу помал, па затоа се верува дека фосилизираната ѕверка била огромна.