Денот може да биде мрачен, тежок, долг или целосно ирелевантен, но ако можете да научите нешто на тој ден, дури и наједноставниот факт, тогаш вашиот ден е исполнет. И нема подобро место за тоа од нашето сакано катче на Reddit, заедницата „Денес научив“, во која луѓето споделуваат интересни работи што ги научиле на интернет.

И имајќи предвид колку е огромна оваа светска мрежа, секогаш има нешто ново да се открие! Некои работи се тотално бескорисни,  други сериозно ја менуваат играта, така што има по нешто за секој.

  • Холандија и дава на Канада 20.000 лалиња секоја година како благодарност што го заштити холандското кралско семејство во втората светска војна.

 

 

  •  Тигрите се речиси невидливи за нивниот плен, кој портокаловата боја ја гледа како зелена. Тигрите се портокалови бидејќи цицачите не можат да имаат зелено крзно,а портокаловата е следното најдобро решение.

 

  • Семејството Овиц, не само што е најголемото семејство на џуџиња што е документирано, туку и најголемото семејство (12 луѓе од 15-месечно бебе до 58-годишна жена) кое влегло во Аушвиц и преживеало.

 

 

  • Сер Тим Бернерс-Ли го измисли World Wide Web во 1989 година. Тој бил фрустриран од фактот дека мора да отиде и да ги праша своите колеги за податоци на нивниот компјутер за да може да ги додаде на својот компјутер што доведе до тоа да  креира апликација која стана денешниот интернет.

 

  • Тупак Шакур го смени името на неговата издавачка компанија од „Ghetto Gospel Music“ во „Сонот на Џoшуа“, откако се сретна со 11-годишниот Џошуа Торес кој почина 45 минути по средбата поради мускулна дистрофија.

 

 

  • Филтрите за цигари се направени со хемикалии што ја менуваат бојата за да дадат илузија дека ги филтрираат токсините. Во реалноста, од филтрите нема никакви здравствени придобивки.

 

 

  • Некои луѓе страдаат од „викенд мигрена“ или „опуштена главоболка“ за време на викендите (или друга пауза од работна) поради намалување на стресот.

 

  • Вампирите не биле инспирирани од лилјаци. Лилјаци што цицаат крв биле откриени во Латинска Америка во 16 век, додека најраните приказни за вампири биле од Европа во 12 век.

 

  • Најдолгата операција што била документирана е извршена во 2001 година од тим од 20 лекари, биле потребни 103 часа (повеќе од четири дена) за да се заврши.

 

 

  • Авионот Конкорд летал толку брзо што ако го напуштите Лондон (или Париз) вечерта летајќи на запад кон Њујорк, за патниците во авионот, сонцето всушност ќе почне да изгрева кратко време откако ќе се достигне максималната брзина. Авионот лета побрзо од ротацијата на Земјата.

 

  • Постои хемиски елемент (Прометиум) кој е толку редок што се проценува дека има само 500-600 грама од него во Земјината кора.

 

  • Титан е единствената месечина во Сончевиот систем со густа атмосфера и единственото место освен Земјата што има површинска течност во форма на езера, реки и океани

 

  •  Сонцето е 99,86% од целата маса во нашиот сончев систем.

 

 

  • И покрај тоа што не постои во изминатите 30 години, Советскиот Сојуз се` уште има најмногу златни олимписки медали за борење.