Сувите раце пропратени со груба кожа се еден од најчестите козметички проблеми со кои се соочуваат милион дами ширум светот. Неправилната или недоволна нега, стресот, како и постојаната изложеност на надворешни фактори придонесуваат за негова појава.

Но, без грижи, токму денес ви откриваме која домашна смеса се смета за најдобрата за отстранување на грубата кожа и мртвите клетки, а благодарение на која за час ќе добиете кадифено меки раце!

Домашен пилинг за кадифено меки раце

Потребни состојки

  • 1-2 супени лажци шеќер
  • 1-2 супени лажици маслиново масло

Начин на подготовка и употреба

Сè што треба да направите е да измешате шеќер и маслиново масло во еднаков сооднос, а потоа со добиената смеса истријте ги вашите рацете. Со прстите убаво масирајте ги дланките за да ги отстраните сите мртви клетки од кожата.

На крај рацете измијте ги  вода и нанесете соодветен хидратантен крем. Практикувајте го овој домашен третман неколку пати неделно.