31-годишната Нигеријка Стејси и нејзиниот сопруг Бабаџиџе живеат во Лагос и истите веќе биле родители на 5-годишната Демиладе, кога дознале дека Стејси е повторно бремена.

Среќата била двојно поголема кога парот дознал дека очекува близнаци, но насмевките на нивните лица се измешаа со неочекувана реакција. Родителите ги дочека вистинско изненадување на денот на самото раѓање на близнаците.

„Во текот на целата бременост, сè беше во ред. Децата се развиваа сосема нормално. Откако добив контракции, веднаш бев примена во болница и породувањето беше исто така нормално.“ – вели Стејси.

Гордата мајка открива дека прв на светот дошол Даниел, со темна кожа и кафеави локни, а минута подоцна се родил Давид и тогаш настанала вистинска тишина во породилната сала.

„Лекарите не знаеја што да прават и затоа веднаш не ми го покажаа бебето.“- додава Стејси.

Но, откако родителите го здогледале Давид, останале без зборови. Момчето, за разлика од неговиот брат, се роди албино, односно со светла боја на кожата и косата.