8 супер корисни употреби на бебешката пудра, кои заштедуваат и пари и време – Непроценлив помошник во секој дом
Бебешката пудра е непроценлив додаток за секоја млада мајка. Таа ја одржува кожата на бебето и ја штити на најнежен можен начин. Но, покрај за бебињата, со неа можеме да решиме многу секојдневни проблеми.
Во продолжение ви претставуваме 8 начини на кои бебешката пудра ни го прави животот полесен:
1. Шампон за животни
Бебешката пудра може да се користи како сув шампон за луѓето, но и за домашните миленици. Ако сакате да се ослободите од непријатниот мирис на вашето куче, кое цел ден било надвор, едноставно нанесете малку пудра врз истото. Пред да ја отстраните, почекајте неколку минути.
2. Ослободете се од непријатната миризба на обувките
Нанесете малку пудра во обувките, пред да си легнете, а следното утро ичистете ги. Пудрата ефикасно ја апсорбира влагата, како и непријатниот мирис.
3. Елиминирајте ги мравките
Нанесете бебешка пудра по аглите во вашиот дом, а доколку сте на пикник, за да се заштитите од здодевните мравки, нанесете од пудрата на просторот околу храната.
4. Освежете ја вашата кожа
Бебешката пудра делува смирувачки на кожата, што ја прави пудрата особено корисна, доколку имате чувствителна кожа. Многу евтин и ефикасен начин за заштита.
5 Алтернатива за дезодоранс
Ако веќе немате од вашиот деодоранс, а итно ви е потребен во моментот, не се грижете. Едноставно нанесете малку пудра под вашите пазуви, а тоа ќе ја одржи нивната свежина.
6. Хидратација на кожата
Бебешката пудра ефикасно помага и за отстранување на мртвата кожа. Нанесете малку од истата врз посакуваната зона, за да се ослободите од надразнетоста и за кратко, вашата кожа ќе биде во одлична состојба.
7. Свеж мирис во плакарот
Понекогаш во плакарот може да се појави непријатен мирис. Поставете малку бебешка пудра во тегла и оставете ја неколку часа или во текот на ноќта, да отстои во плакарот. Истата брзо ќе го впие лошиот мирис. На ист начин може да се ослободите и од непријатниот мирис од цигарите.
8. Ослободете се од подуени нозе
Да, чевлите со висока потпетица се привлечни, но нивното постојано носење може да предизвика болка. За да го спречите потењето, како и појавата на голема болка, нанесете малку бебешка пудра, пред да ги облечете чевлите.