Познато е дека сливите се богати со калиум, а тоа е минерал кој е од големо значење за одржување на рамнотежата во организмот.

Сливите се богати и со витамин Ц, Б1 и Б2. Помага во зајакнување на нервите, ја подобрува концентрацијата и е одличен лек за стресни ситуации. Сливите се одлични и за имунолошкиот систем.

Од големо значење се и диететските влакна, кои растат во стомакот и цревата и на тој начин се стимулира варењето, а токсичните материи се исфрлаат.

Особено е препорачливо редовно консумирање на црни сливи од страна на луѓе кои што не се многу физички активни.