Сите ние, независно од полот и возраста, секогаш сакаме да имаме витко, совршено и привлечно тело. Денес ви откриваме како оваа замисла лесно да ја претворите во прекрасна реалност.

Започнете со редовно консумирајте на следниот чудесен напиток од магдонос, благодарение на кој ефикасно ќе го прочистите црниот дроб и бубрезите. Воедно, магдоносот има антибактериски својства, богат е со витамин Е, ги регенерира клетките, спречува подуеност и задржување на течности, ги зајакнува и обновува мускулите и придонесува за забрзување на метаболизамот.

Моќен напиток од магдонос за ефикасно слабеење

Потребни состојки

  • 1/3 чаша вода
  • 2,5 исчистен корен од ѓумбир
  • 1 излупена краставица
  • 1 стебло магдонос
  • Половина лимон
  • 1 кафена лажица мед (по ваша желба)

Начин на подготовка и употреба

Измијте и исечете го магдоносот и од истиот земете 2 супени лажици, а остатокот складирајте го во ладилникот. Исечете ја и краставицата на тенки парчиња, а потоа сите состојки додадете ги во блендер и добро измешајте, до добивање на соединета смеса.

Кон добиената паста додадете 1/3 чаша вода и мед за засладување, по ваша желба. Повторно добро промешајте го напитокот и истиот консумирајте го пред спиење.

Редовно консумирајте ја оваа освежувачка моќна смеса во период од 1 недела и по овој период ќе ги забележите посакуваните промени во однос на вашата фигура и половина.