Домашен природен шампон кој ја тера косата да расте како со магично стапче – Здрава, силна и блескава
Поради многуте лековити својства, содата бикарбона има широк спектар на примена во чистењето, готвењето и лекувањето на разни заболувања. Денес ви откриваме како оваа чудесна состојка да ја употребите наместо купечките шампони и балсами за коса, а притоа истата ќе овозможи долготраен блесок на вашата коса.
Шампонот со сода не создава пена како класичните производи и потребно ќе биде малку време да се навикнете на истиот, но пак за возврат вашата коса ќе биде зајакната, здрава, цврста и ќе започне неверојатно да расте.
Домашен шампон со сода бикарбона за цврста и блескава коса
Потребни состојки
- Сода бикарбона
- Вода
- Јаболков оцет
Начин на подготовка и употреба
Во мало шише измешајте ја содата со водата, во сооднос 1:3. Регулирајте го количеството во зависност од должината на косата, при што, доколку имате долга коса измешајте 3 супени лажици сода бикарбона со 9 супени лажици вода.
Добиената смеса нанесете ја врз сува или мокра коса, од корените до краевите на косата и оставете го шампонот да дејствува 1-3 минути. Исплакнете со топла вода.
Исплакнете ја косата повторно со јаболков оцет. Измешајте оцет со вода во сооднос 1:4. Може да додадете и малку етерично масло, за да го подобрите мирисот.
Оваа смеса може да ја подготвите и претходно, пред шампонот, за да ја имате готова за миењето подоцна.