Меган Маркл и Кејт Мидлтон веќе не се во добри односи, односно двете славни немаат никаква меѓусебна комуникација, соопштуваат британските медиуми.

Причината за влошените односи се должи на фактот што принцот Хари и Меган решиле да објават дека се откажуваат од нивните кралски должности точно 1 ден пред роденденот на војвотката Кејт.

Според одредени извори, Кејт била видно изнервирана и навредена поради оваа постапка на парот, со што го засениле нејзиниот посебен ден.

Иако Хари и Меган беа поддржани во нивната одлука од страна на бројни светски личности, меѓу кои и Опра Винфри, но беа поддржани и од кралското семејство преку официјално соопштение, сепак внатрешните соработници тврдат дека односите меѓу кралските членови се далеку од добри.