Повеќето дами ќе се согласат дека влакната по женското тело е можеби најнеудобниот естетски проблем. Тие може да се појават на било кој дел, а едно од најнепријатните се влакната над усните.

Оваа карактерстика особено предизвикува непријатност, бидејќи се смета за машка физичка особина.

Иако постојат безброј начини на отстранување на несаканите влакна, денес ви откриваме една неверојатно лесна техника со траен ефект која ни доаѓа од Блискиот Исток.

Техниката е безболна, а се состои во нанесување на смеса која воедно е корисна, бидејќи исторвремено ја потхранува кожата со потребните витамини и минерали.

Домашна смеса за ефикасно отстранување на влакна

Потеребни состојки

  • 1 супена лажица овесна паста (За да ја приготвите, измешајте половина кафена лажица овесни снегулки, 6-8 капки сок од лимон и мед во блендер)
  • 2 супени лажици мед
  • 2 супени лажици сок од лимон

Начин на подготовка и употреба:

Измешајте ги сите состојки заедно, а потоа со триење, нанесете ја добиената смеса на посакуваното место на вашата кожа. Оставете ја смесата да дејствува 15 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

Практикувајте го овој домашен третман 2-3 пати неделно и за временски период од 1 месеци ќе бидете премногу задоволни од резулатите, кои ќе бидат со траен ефект.