Безброј сме пишувале за чудесните придобивки од киселото млеко, особено за слабеењето и како дел од диеталното мени, но овој пат ќе зборуваме за истото како козметички производ.

Киселото млеко има својство да ја смирува и избелува кожата, воедно помага при проблеми како проширени пори, здодевни брчки, сува кожа и слично. Одговара на секој тип на кожа и може да го употребувате секој ден.

Одлично се справува со проблемите со кожата што се јавуваат кај повозрасните дами и притоа е извонредно за прочистување на кожата.

при што за таа цел, денес ви откриваме како да подготвите домашна маска од кисело млеко со подмладувачки ефект.

Домашна маска со кисело млеко против стареење

Оваа маска ја потхранува, измазнува  и затегнува кожата. Ве советуваме да ја користите за време на викендите, односно кога ќе имате повеќе слободно време.

Начин на употреба

Добро исчистете го вашето лице, а потоа нанесете кисело млеко. Кога тој слој ќе се исуши, нанесете друг следен слој одозгора. Потребно е на овој начин да нанесете 10 слоеви.

Кога последниот слој ќе се исуши, потопете крпа во топла вода и поставете ја истата на лицето да отстои 3 минути. На крај измијте ја маската со топла вода.

Киселото млеко може да го комбинирате со сок од алое вера, жолчка, мед или кокосово масло.