Долгата бујна коса отсекогаш бил нејзин препознатлив знак- Врзана во високо коњско опавче или обликувана во крупни локни, Џенифер Лопез отсекогаш знаела да ја избере вистинската фризура.

Како една светска славна ѕвезда, таа постојано го менува својот изглед, а со нејзината последна промена, докажа зошто ја нарекуваат модна икона.

За потребите на нејзината најнова филмска улога, Џенифер донесе храбра одлука и ја скрати својата раскошна коса и латино дивата повторно го освои срцето на нејзините фанови, но и критичарите не останаа рамнодушни.

Со новата фризура, Џенифер изгледа за 10 години помлада и неверојатно модерно.

Како вам ви се допаѓа?