Пред 24 години, Ирина стана мајка на прекрасно девојче по име Катја, но веднаш по раѓањето, мајката забележа брчки по лицето на нејзината ќерка, кои не се карактеристични за бебињата.

Набргу девојчето започна да старее од ден на ден, а појавата не нови брчки не заостануваше. Лекарите веднаш ја воспоставија тешката дијагноза дека станува збор за „прогерија“, соопштувајќи им на родителите дека воедно нивната ќерка нема функционален црн дроб.

Оваа вест, таткото тешко ја поднесе, при што реши да го напушти семејството. „Не можам да ја гледам веќе.“- биле неговите последни зборови кон сопругата.

Ирина сепак одлучи на нејзината ќерка да й овозможи мирно и среќно детство, а Катја и покрај лекарските прогнози, продолжи да расте. За жал, секојдневието на Катја во детските денови било исполнето со бројни навреди и малтретирање од страна на нејзините врсници.

„Бабо зошто носиш кратко здолниште“ и „Бабо зошто се претвораш дека си дете“, биле само дел од злобните коментари со кои Катја морала секојдневно да се соочува и поради што постојано ги поминувала деновите плачејќи.

Сепак девојчето решило да не се откажува, а воедно полека научило да се сака себеси. По неколку години, откако била доволно возрасна, Катја ја запознала љубовта на својот живот и заедно со нејзиниот партнер својата врска ја крунисаа со брак.

Двајцата се запознале сосема случајно, а од таа средба започнале секојдневно да комуницираат. На денот на свадбата, Катја била најсреќната невеста на светот. По кратко, парот доби и здраво момче.

На светот постојат само 20 луѓе кои страдаат од истата болест како и Катја.