Секоја дама сака да се облекува и да изгледа убаво, но модните бреднови вообичаено дизајните што ги изработуваат се наменети буквално како за моделите, односно за високите и слаби жени.

Но, без грижи. Не мора да бидете со пропорции на една манекенка, за да убаво ви стојат парчињата кои се најактуелни според модната индустрија. Во продолжение ви откриваме 4 генијални, практични и лесни трикови со кои ќе изгледате повисоко, послабо и со многу подолги нозе.

1. Облека според фигурата

Правилно истакнатите облини и пропроции на телото, со соодветната облека, ги прават дамите кои се пониски да изгледаат неверојатно елегантно.

Затоа секогаш претпочитајте да избирате соодветни парчиња и пред сè, во големината која вам ви одговара, бидејќи преголемата и опуштена облека, визуелно ги прави ниските дами уште пониски.

2. Нијанси на една палета

S

За ниските дами, врвните стилисти препорачуваат да носат комбинации во една боја, а притоа доколку сакаат да ја избегнат монотонијата, може да изберат модна комбинација во повеќе нијанси, од една иста боја.

Изборот на облека во спротивни бои дополнително визуелно ќе ја намали вашата фигура.

3. Висок струк

Ниските дами речиси секогаш треба да избираат парчиња облека кои се карактеризираат со висок струк, бидејќи тогаш уште повеќе се издолжува нивната фигура, во вертикална линија.

4. Вертикални линии

Без разлика во која и да се боја, парчиња облека со вертикални линии значително ќе ја истакнат фигурата на жената и ќе ја направат да изгледа многу послабо.

Сепак, избегнувајте ги хоризонталните линии, бидејќи тие го даваат сосема спротивниот ефект.