Секоја втора жена се соочува со тие проблеми: Недостаток од волумен, безживотна текстура на косата, суви краеви, косопад. Наместо да брзате кон фризерскиот салон за некоја скапа процедура со сомнителен резултат, отидете во аптеката.

Во аптеката ќе го најдете лекот за вашите проблеми, односно витамините кои ви се потребни. Резултатот од овој домашен третман е едноставно неверојатен- Прекрасен и блескав, без непосакувани ефекти.

Доколу навистина сте очајни и веќе ви здосади тоа што ниту едно решение или скапа процедура не била корисна, време е да го пробате овој ефикасен домашен третман за зајакнување на косата.

Целата тајна се состои во тоа што, при миењето на косата, едноставно во вашиот шампон да додадете коктел од 6 витамини: А, Б, ПП, Ц, Б12 и П6 во форма на ампули, кои се достапни во секоја аптека.

По практикувањето на третманот, косата станува неверојатно блескава и волуменозна.

Како се прави витаминскиот коктел за косата

Не е потребно да ги додадете ампулите во целото шише шампон.

Витаминот Ц на пример, живее само 20 минути, кога е изложен на воздух. Еве што треба да направите: Во чаша додадете шампон (колку за 2 миења), додадете ги сите витамини одеднаш и добро измешајте ги сите состојки. Потоа едноставно измијте ја вашата коса со направениот витамински коктел.

При второто нанесувањето на шампонот, оставете го истиот да дејствува при врвот на косата, во времетраење од 5 минути. Откако ќе ја измиете косата, уште по само првата процедура, резултатите ќе бидат видливи, волуменот и обликот ќе се преобразат и обноват, а вашата коса ќе стане значително пожива, енергична и поблескава.