Погледнете ги добро раскошните круни? Која од нив би сакале да ја пробате и би ја носеле кога би владееле со кралскиот трон?

Изберете една од четирите прекрасни круни, што ги гледате на фотографијата подолу и во продолжение откријте го одговорот што се сокрива зад истата, кој притоа открива многу за вас!

Одговори:

Круна бр.1

Вие сте вистински вулкан: Однадвор изгледате неумоливо, а внатре морето од емоции е подеднакво нескротливо. Но, сепак во сите ситуации вие знаете добро како да ги контролирате своите чувства. Сепак, понекогаш е потребно и да се опуштите и да го отворите своето срце на оној што тоа го заслужил.

Огнот кој гори во вашите очи ги привлекува луѓето околу вас, но сепак вашиот студен надворешен изглед ги одбива. Поради таа причина многумина се плашат да го направат првиот чекор со вас. Затоа од време на време, дозволувајте си да се симнете од тронот, бидејќи и на љубовта треба да се даде шанса.

Круна бр. 2

Вие сте многу мила и нежна личност, која најмногу од сè, сака да им помага на луѓето. А поради вашата одговорност и рационалност, вие сте многу ценети во очите на останатите. Понекогаш знаете да биде каприциозни, како вистинска кралица и затоа на оние кои ви згрешиле, лесно можете да им кажете збогум.

Мажите ве обожаваат и сакаат да ви угодуваат и да ги исполнуваат сите ваши желби и каприци. Но, понекогаш истите тие знаат да ја искористат вашата добрина. Затоа внимавајте на кого му верувате и не им дозволувајте на луѓето да си поигруваат со вас.

Круна бр.3

Секогаш блескате со огромна самодоверба и секогаш знаете да се контролирате, во буквално секоја ситуација. Имате многу силна интуиција и благодарение на истата, секогаш лесно доаѓате до целите, на правилното место и во вистинското време. Имате бројни интереси и дипломатска способност да најдете заеднички јазик со секого.

Истовремено, благодарение на вашата дружељубивост, ги привлекувате останатите и лесно ги ширите познанствата. Мажите понекогаш ве гледаат само како пријателка, но тоа е бидејќи се плашат од вашата реакција. Дозволите им да ја видат вашата женственост и желба за флерт, за да го направат првиот чекор.

Круна бр. 4

Вие сте вистинска дама со вистински аристократски манири. Секогаш ги остварувате вашите цели и не ја префрлате одговорноста на другите, а сите ваши одлуки и зборови се сметаат за златни и неуништиви.

Од друга страна, секогаш знаете да се грижите за најблиските луѓе, кои многу ви значат и секогаш се обидувате да ги опсипете со вашето внимание. Вашето семејство ви е на прво место, а вашиот најдобар советник е вашата мајка.

До вас, постои место само за најуспешните и достоинствени мажи, кои пак, најдобро знаете како да ги привлечете.