Писта среде океан: Дали е ова најубавиот или најстрашниот аеродром во светот?

Меѓународниот аеродром на Мале е главниот аеродром на Малдивите и единствениот што нуди меѓународни летови во оваа островска држава во Јужна Азија.

Сместен е на островот Хулхуле, во близина на главниот остров Малe по коj го добил името.

На овој остров во Индискиот Океан, аеродромот прв пат бил отворен во Октомври 1960 година. Во тоа време имал писта долга само  23 x 914 метри.

Со текот на годините и со растот на туристичкиот интерес за оваа рајска дестинација, аеродромот е реновиран и изградена е дополнителна инфраструктура. Денес, островот-аеродром служи и како метеоролошка станица.

Додека некои уживаат во спектакуларната сцена додека слетуваат и полетуваат од тој аеродром, други се преплашени од самиот факт дека пистата e широка 45 и долга 3.200 метри,  и се наоѓа на на само два метра надморска височина, па се чини дека тоне во Индискиот океан.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *