Мирот, белиот песок и тиркизното море прикажани на разгледниците честопати можат да разочараат кога конечно ќе стигнеме на дестинацијата и ќе сфатиме дека има еден куп други луѓе. Но, сè уште има места каде што може да најдете мир, а едно од нив е Калангаман.

За да стигнете до овој остров, ќе треба најпрво да дадете сè од себе за да стигнете до Филипините. Калангаман се наоѓа непосредно покрај брегот на Палампон, источно од островот Лејте и најчесто се патува од Манила до Себу, Ормок или Таклобан.

Островот Калангаман не само што е неверојатно убав, туку е и неверојатно недопрен. Наместо скапи хотели и одморалишта, во Каланггаман можете да гледате безброј sвезди и да спиете во шатор, нема популарни ресторани или барови. Има многу простор за скара или пикник, а локалните рибари ќе се погрижат за свежа риба.

Местата за пазарење на островот се ограничени, па затоа е најдобро е се што ви треба да понесете со вас. И покрај неговата исклучителна убавина, посетителите започнаа да го откриваат островот дури неодамна, кога тој стана дел од германската крстаречка патека.