1. Панaмериканскиот пат е најдолгиот пат во светот според Гинисовата книга на рекорди. Се протега на околу 30.000 километри и ги поврзува Северна и Јужна Америка. Го поврзува градот Ушуаја во Аргентина со заливот Прудхое на Алјаска.

2. Панамериканскиот пат всушност се состои од многу подолга мрежа на меѓусебно поврзани патишта во 14 земји: САД, Канада, Мексико, Гватемала, Ел Салвадор, Хондурас, Никарагва, Костарика, Панама, Колумбија, Еквадор, Перу, Чиле и Аргентина.

3. Со исклучок на сто километри дождовна шума меѓу Панама и Колумбија позната како Дариен Гап, Панaмериканскиот пат ги поврзува сите крајбрежни земји долж Тихиот океан на двата американски континенти.

4. Ако возите просечно осум часа на ден, ќе ви требаат три месеци да го извозите цел пат.

5. Аргентинецот Мајкл Штрасер ја носи титулата велосипедист кој најбрзо го поминал патот на две тркала. Му требаа 84 дена, 11 часа и 50 минути за да го стори тоа. Рекордот беше соборен во Октомври 2018 година.

6. Концептот за единствен пат што ги поврзува Јужна и Северна Америк потекнува од 19 век, но првите сериозни чекори за да се постигне тоа беа направени во 1923 година. Првичниот план беше да се изгради пруга што ќе ги поврзува двата континенти, но со зголемената продажба на автомобили беше одлучено да се изгради пат.

7. Иако ова е најдолгиот пат за моторни возила во светот и поминува низ разновиден пејзаж – од песочни плажи, дождовни шуми, планини па до глечери, има малку туристи кои ќе изберат да го возат. Повеќето туристички атракции во Јужна и Севена Америка се наоѓаат надвор од патеката Панамериканскиот пат.