Манипулаторите сакаат да контролираат друга личност и на тој начин да ја постигнат својата цел. Кога ќе започнете да ги доведувате во прашање вашите мисли, чувства и верувања, манипулаторите тогаш имаат моќ да владеат со секој аспект од вашиот живот. Со цел да ги забележите на време, ви ги претставувате најчестите фрази што ги користат манипулаторите.

1. „Не ме разбра“.

Сите ние понекогаш погрешно ги толкуваме работите, но манипулаторот намерно ќе ве обвини и ќе ви каже дека не сте разбрале добро што сакал да каже. На овој начин, тие создаваат несигурност и сомнеж во вас и преземаат контрола врз она што го мислите, кажувате и верувате.

2. „Премногу драматизираш“.

Манипулаторите многу често ја користат оваа реченица. Кога манипулатор ве означува како личност која драматизира премногу, тоа ви оневозможува да ги искажете сопствените емоции и да го кажете она што го мислите.
Кога и да сакате да споделите дел од вашиот проблем, тие ќе ви кажат дека претерувате. Наскоро ќе почнете да ги чувате работите за себе, а ова му овозможува на манипулаторот да го контролира секој ваш потег.

3. „Ми требаш“.

Целосната контрола е крајната цел на манипулаторот. Тие сакаат да мислите дека не можете да функционирате без нив. Ако почнете да верувате во тоа, тој ќе ве контролира целосно.

4. „Ти си…“

…Љубоморен, луд, параноичен и слично. На овој начин, манипулаторот се обидува да создаде чувство на сомнеж кај жртвата за исправноста на сопствените одлуки или постапки.