Секој, на која било возраст, сака да живее здрав и пријатен живот, но некои луѓе се толку добри во тоа, што можат да ги мотивираат другите. Џаземина Роси го добила свото прво седо влакно на 11 години, но тоа не ја спречи да стане модел. Сега има 65 години и е прекрасна. Таа ги сподели своите размислувања за стареењето, самоприфаќањето и убавината, и ние се согласуваме со секој збор.

Таа ја започнала својата манекенска кариера „случајно“ кога од неа било побарано да замени модел во последен момент. Од тој ден, таа започнала да работи со модни дизајнери како YSL, Џил Сандер и Тиери Муглер.

Џаземина секогаш ја сакала својата коса и кога ги нашла првите сиви влакна во пубертетот, сметала дека е магично да има сребрена коса. Добила многу реакции за ова, главно негативни, но секогаш имала длабоко чувство за самопочит, вредност и достоинство, и тоа никогаш не влијаело врз неа.

Таа верува дека самоприфаќањето е поврзаност со здравиот разум и вели дека има многу силна врска со природата и законите на природата.

На прашањето за тајните на убавината, Џаземинаа изјави дека внимава што става во телото, на кожата и во домот. Таа користи свежи органски производи. Исто така, таа е многу свесна за токсичното размислување и сака да има добар и здрав сон.

Околу вежбањето, таа сподели дека практикува јога без да го знае тоа, како да е водена одвнатре за да се истегне и ги чувствува придобивките од тоа. За неа, вежбањето не значи одење во теретана, туку следење на тоа каде нејзиното тело ја насочува во моментот.