Една студија докажа дека жените кои се во врски со значително помлад или постар партнер се најзадоволни од својот љубовен живот. Иако зрелоста на постариот партнер е веќе добро познат фактор за успехот на овие врски, постојат многу други причини зошто врските со голема разлика во годините се успешни.

Истражувавме предности од разликата во возраста помеѓу паровите, што објаснуваат зошто е можно овие врски да траат вечно.

И двајцата знаат што сакаат, и нивната возрасти се вклопуваат со приоритетите.

Луѓето можат да бараат различни цели кога ќе достигнат одредена возраст. Постојат помлади жени кои се подготвени да имаат семејство и постари мажи кои можеби се` уште сакаат да имаат деца. Во овој случај, спарувањето на постарите и помладите е „добра инвестиција“.

Жената која има за цел да основа семејство може да бара зрелост и стабилност што може да ја обезбеди поискусниот маж, додека постар маж кој сака да има деца можеби бара некој што е репродуктивно способен.

За паровите каде што жената е постара од сопругот, една предност е што жената е веќе сигурна во она што го сака во животот. Постарите жени, исто така, имаат тенденција логично да се справуваат со проблемите.

Постарите партнери разбираат што им треба на нивните помлади сопружници.

Бракот со постара личност може да значи повеќе простор за работите што сакате да ги правите. И тие биле млади на времето, па затоа имаат тенденција да бидат разбирливи ако треба да одвоите малку време за вашите хоби или интереси. Тие нема да ви замерат или да претпоставуваат дека врската не е во ред.

Нивниот брак е комбинација од мудрост и енергија.

Додека постариот брачен другар дели мудростi, помладиот може да делува како фонтана на младоста, внесувајќи посебен вид спонтаност во врската.

Има многу возбудлива размена меѓу нив.

Растењето во различни времиња значи дека има многу приказни за споделување. На пример вие може да го научите како се сурфа, а тој може да ве научи како да инвестирате во недвижнини. И двете работи се корисни на свој начин.

Врската се движи со побрзо темпо.

Поради одредена загриженост за возраста, двојка може да стане поагресивна со целите на нивната врска. Ако вашиот партнер е постар можеби е во „трка со времето“ за да основа семејство, па затоа можеби работите ќе се движат побрзо отколку што би се движеле доколку стапите во брак со некој на ваша возраст. Секако ова не секогаш е лоша работа, во љубовта нема правила.

Тие се стремат да ја направат врската да функционира.

Според експертите, двојките со поголема разлика во годините се соочуваат со неколку предизвици, вклучувајќи ја стигмата и социјалното неодобрување или недостатокот на поддршка од семејството и врсниците. Различни патеки за кариера и здравствени проблеми се исто така фактори кои можат да влијаат на нивната врска. Овие работи ги принудуваат да се движат низ тешките пречки во почетокот на врската, и како резултат на тоа, тие се способни да изградат силна основа.