Иако карактеристично е за Холивудските двојки набрзо по стапувањето во брак, да се разведат, овој легендарен актер заедно неговата сопруга, веќе 31 година докажуваат дека вистинската љубов сепак постои.

Станува збор за американскиот актер Том Хенкс и неговата сопргуа Рита Вилсон, а еве кои се нивните правила за среќен и долготраен брак:

1. Не се мажете пред 30-та

Том и Рита се запознале за време на снимањето на филмот „Волонтери“ во 1985-та година, во кој глумеле заљубен пар. Но, актерката веќе имала свршеник, а Том Хенкс имал сопруга и 2 деца. По три години тајна врска, Том се разделил од сопругата и ја запросил Рита.

2. Секогаш најдете компромис, па дури и во најтешките ситуации

Хенкс бил католик, додека пак, Рита била православна. Бидејќи актерот знаел од колкку голема важност е религијата за Рита, тој се преобратил во православно христијанство. „Се жртвував за мојата сопруга по сопствен избор. Од почит кон неа и нејзиното семејство, јас ја сменив религијата“-вели Хенкс.

3. Бидете најголема поддршка еден на друг

За време на нивните долги години, парот помина низ многу, но секогаш се поддржувале еден со друг. Во 1994-та година, кога Том Хенкс освои, во неговиот говор изјави: „Овде сум благодарение на жената што ја имам во својот живот, бидејќи секојдневно ми ја покажува својта безусловна љубов!“

Во 2015-та година, на Рита й беше дијагностициран рак на градите, а ова парот вели дека ги зближило уште повеќе. Во многу интервјуа Том секогаш потенцирал колку многу се восхитува на храброста на неговата сопруга.

4. Правете мали убави нешта за вашиот партнер

Холивудскиот пар најголемиот дел од своето слободно време го поминува патувајќи низ светот, а после долги години заедно, парот меѓусебно си приредува мали слатки изненадувања.

„Не можам да го замислам мојот живот без мојата сопруга. Честопати знам да оставам романтични пораки до телефонот или во кујна т.е на места кои знам дека утрото ќе ги погледне или пак во текот на денот праќам фотографии, кога таа не е со мене.“- рече Хенкс

5. Сакајте го вашиот партнер таков каков што е

Том и Рита многу ги ценат работите и ситуациите низ кои поминале заедно. Според нив, тоа ја зајакнува врската, како и прифаќањето на сите квалитети на партнерот, при што во едно интервју, актерот изјави:  „Оваа жена ме сакаше кога бев слаб и кога бев дебел. Ме сакаше и кога имав коса и кога немав. Таа жена ме сака и јас ја сакам неа! Јас сум среќен човек!“

6. Најважното нешто е да ја најдете вистинската личност

Медиумите често пати се обидуваат да ја откријат тајната за цврстиот и долг брак на славниот актер. На ваквите прашања, Том секогаш со насмевка одговара: „Мојата тајна за среќен брак е тоа што сум оженет со вистинската жена! Ми се посреќи со прекрасната Рита и јас сум најсреќниот човек на оваа планета!“