Научниците тврдат дека иако постојат повеќе хормони во нашето тело, важни се само 6. Прочитајте кои се и на кој начин тие го забрзуваат процесот на стареење и што може да направите за да го спречите нивниот дисбаланс.

1. Естроген

Овој хормон ги предизвикува клетките да произведуваат колаген и еластин и е одговорен за појавата на женските полови карактеристики. Кога неговото ниво ќе опадне, се појавуваат брчки, градите се опуштаат и лицето станува нерамномерно.

Како природно да го зголемите нивото на естрогенот?

Јадете многу свежо овошје и зеленчук, кафеав ориз, ленено семе, тофу, пијте сојино млеко, а намалете го внесот на месни производи и користете ефикасни креми против стареење. За лекови, треба да се консултирате со вашиот лекар.

2. Соматотропин- Хормон за раст

Со текот на годините, луѓето добиваат стоматопауза, односно намалување на нивото на овој хормон, а со тоа опаѓа функцијата на мускулите и издржливоста, а брчките и лошото расположение ја превземаат улогата.

Како природно да го зголемите нивото на соматотропинот?

Зголемете ја вашата физичка активност, започнете со кардио вежби како пешачење за почеток, а понтаму внесете и тежински вежби и посетете сауна.

3.Дехидроепиандростерон (DHEA)

Тој е одговорен за борбата против стареењето. Но, нашето тело овој хормон го произведува до нашите 30 години. А потоа, кожата ја губи еластичноста и мускулите ослабнуваат.

Како да го зголемите нивото на DHEA?

Вклучете здрави масти во вашата избалансирана исхрана и јадете протеини за појадок.

4. Мелатонин

Мелатонинот го регулира ритамот на нашето тело и го информира кога е време за одмор. Недостатокот од овој хормон предизвикува појава на брчки, опаѓање на косата и предвремено стареење.

Како да го зголемите нивото на мелатонин?

Јадете банани, домати, ориз и пченка, а откажете се од алкохолот и цигарите.

5. Кортизол

Високото ниво на стрес- хормонот, кортизол, доведува до пребрзо и предвремено стареење. Во завиност од типот на кожата, тоа се манифестира различно: сива боја на косата, сува кожа, акни и длабоки брчки.

Како да го намалите нивото на кортизол и стрес?

Пијте доволно вода, слушајте музика што ве опушта и медитирајте.

6. Инсулин

Инсулинот го зголемува нивото на глукоза во крвта, а кога овој процес е вон контрола, се предизвикува предвремено стареење.

Како да ја заштитите вашата кожа од вишокот шеќер?

Консултирајте се со вашиот лекар, користете крема за заштита од сонце, па дури и во зимските денови и користете прозводи за нега со витамин Е и Ц.