Дури и да не сте обожавател на мед, ова е храна која морате да ја имате во Вашата кујна. Тој е богат со витамини, минерали и биолошки активни супстанции. Медот има бактерицидни, навлажнувачки и смирувачки ефекти кои прават „чуда“ за Вашата кожа. Овие рецепти може да ги подготви секој, затоа што се лесни и не бараат скапи состојки.

1. За чиста и беспрекорна кожа

Нанесете мешавина од цимет и мед со сооднос 1: 1. Измијте ја после 10 минути. Оваа мешавина ја нормализира работата на лојните жлезди, има антибактериско дејство и го подобрува Вашиот тен.

2. За избелување на кожа и отстранување на темни кругови

Ќе ви треба 1/2 лажичка мед, 1 лажица сок од лимон и 1 лажиче од природен јогурт. Нанесете ја смесата на вашата кожа 1-2 пати неделно 20 минути. оа ќе ви помогне да го отстраните несаканиот тен и пигментните точки.

3. За блескава кожа

Измешајте 2 лажици мед и 2 лажици млеко. Нанесете ја смесата на лицето со памук; Измијте го после 10 минути. Оваа маска е одличен навлажнувач: ја полни кожата со клучни витамини и амино киселини, ја зголемува еластичноста на кожата и помага при борбата со брчки.

4. За меки и заводливи усни

Измешајте мед, шеќер и маслиново масло, и направете им на Вашите усни добра масажа. Потоа измијте ги, и нанесете малку балсам за усни. Алтернативно, можете да користите кафеав шеќер, мед и вазелин.

5. За густа и сјајна коса

За да ја негувате и да ја навлажнете косата. Измешајте мед и 1 жолчка од јајце во еднакви размери, нанесете на чиста влажна коса и држете најмалку 30 минути.

Друг рецепт за сјајна и густа коса е да сомелете две банани во сад потоа додадете 1 лажица мед и 2 лажици кокосово масло. Раширете ја маската рамномерно на вашата коса, чувајте ја на половина час, а потоа измијте ја со шампон.

6. За избелување на лузни

Дневната маска од мед, сок од лимон, јогурт и овесни снегулки, нанесена за 5-10 минути, може да го забрза процесот на заздравување, да ја осветли кожата и да спречи формирање на лузни.