Луѓето може да бидат убедени во степенот на нивната интелигенција, но доколку истите често се расправаат и постојано се под притисок, тогаш експертите имаат лоши вести за нив.

Овие 5 знаци се индикатор дека личноста не е толку интелигентна, колку што мисли:

1. Секогаш се расправа со луѓето околу неа

Интелигентните луѓе не го трошат своето време на караници и конфликти. Доколку личноста постојано се расправа со своите колеги, надредени, со пријателите, тоа значи дека истита има потреба од постојано докажување.

Интелигентните луѓе знаат дека ваквите празни дискусии само ќе им ја потрошат енергијата.

2. Во ниту еден случај не успева во својата работа

Мислењата на другите луѓе не се толку важни, колку резултатите кои го откриваат нивото на интелигенција на личноста. Не е неопходно да се биде директор, за да се измери интелигенцијата, но да се завршат зададените проекти, кои се започнати и да се завршат како јасни цели, притоа да се стекнат нови знаења и познавања.

3. Повеќе зборува, отколку што слуша

Со причина човекот е роден со две уши и една уста. Психолозите се едногласни, дека способноста за слушање на останатите е многу поважна од зборувањето. Паметните луѓе имаат тенденција да ги слушаат често идеите, мислењата и ставовите на останатите многу повеќе, отколку да зборуваат за себе.

4. Мислењето на останатите

Дали останатите често бараат совети од вас? Дали го ценат вашето мислење? Дали сакаат со вас да зборуваат за нивните проблеми и дилеми? Тоа се само дел од работите кои може да откријат колку сте интелигентни. Иако не треба да се преоптеретувате со мислењето на останатите, истото сепак не треба ниту целосно да го занемарувате.

5. Постојано е под притисок

Луѓето кои постојано брзаат, имаат променливо расположение и енергија, според експертите, не се најинтелигентни кога станува збор за организацијата. Иако на сите нам понекогаш ни се случува да се соочиме со хаос, сепак доколку истиот тој хаос продолжи со месеци и години, тоа е индикатор на недостаток од интелигенција.