Најочигледен симптом за дехидрација е жедта. Многумина се склони да ја мешаат жедта со глад, а кај пушачите сигналните системи се нарушени. Кои се симптомите кои ќе ви покажат дека на вашето тело му треба вода?

Козметички проблеми

Некои дерматолошки и козметички проблеми може да произлезат од дехидрација. Меѓу нив се отоците на лицето, мрсната кожа, мозолчињата, малите брчки. Обидете се да пиете по 1,5-2 л вода на ден во тек на десетина дена и ако не помогне, посетете дерматолог.

Болки

Главоболка – Од недостаток на течности често боли глава – во мозокот водата е околу 85%. Кога овој показател е намален, во мозокот не доаѓа доволно количество кислород. Ситуацијата е сосема сериозна, бидејќи последиците од дехидратацијата може да предизвикаат Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

Мускулни грчеви – За нормална активност на мускулите потребна е слободна циркулација на натриум, магнезиум и други супстанции, понесени од крвта со помош на течностите.

Апетит

Чувството за жед и глад често се мешаат, па затоа ако почувствувате глад во невообичаено време, испијте прво чаша вода.

Глад за солено – молејќи Ве за сол, телото се обидува да го зајакне водено -солениот баланс, нарушен заради дехидратацијата.

Алергија на храна – храна која пред тоа сте ја поднесувале нормално. Според некои лекари алергиски реакции може да се поврзани со недостаток на течности. При дехидратација се зголемува нивото на хистамин кој провоцира видни манифестации на алергиите.

Телесни течности

Темната, концентрирана урина е знак дека има недостиг на течности во уринарниот систем.

Запек – дехидрираното тело се обидува да си обезбеди вода од сите можни извори.

Густа плунка – уште еден симптом за дехидрација, кој води до акумулација на наслаги на јазикот и непријатен здив.

Расположение

Поспаност – произлегува од заштитната реакција дехидрирано тело против летаргија.

Анксиозноста и агресијата може да се последица на хормонален дисбаланс, кој е резултат на дехидрација.