Работите како алуминиумска фолија и обвивка со меурчиња се користат за различни намени, но секако не за одржување на топлина во куќата. Но вашиот поглед кон нив ќе се промени откако ќе прочитате за тоа како тие можат да ви помогнат да се стоплите во студените денови.

Имаме 5 корисни совети кои можат да го стоплат вашиот дом, без да мора да ја потрошите цела плата на сметки за струја и парно.

1. Покријте го подот со теписи.

Теписите се добра опција кога се работи за топлинска изолација и се десет пати подобри од самиот под. Тие можат да ги намалат трошоците за струја, и со тоа емисиите на стакленички гасови, бидејќи ја задржуваат топлината внатре во собата. Најдобро е подот да биде покриен од ѕид до ѕид за да може загубата на топлина да биде што помала.

2. Ставете алуминиумска фолија зад радијаторите.

Еден паметен начин за побрзо да ја стоплите просторијата е да ставите алуминиумска фолија зад радијаторите, така што топлината „нема да ви бега“ по ѕидовите. Фолијата што ја имате во вашата кујна можете да ја користите само ако е со многу добар квалитет. Ако не, можете да купите фолија специјално направена за оваа намена за помалку од 10 евра.

3. Ставете пластична обвивка со меурчиња на прозорците.

Прозорците се еден од најголемите „непријатели“ кога станува збор за ладното време, но обвивката со меурчиња може лесно да го спречи тоа. На прозорец со едно стакло, може да ја намали загубата на топлина до 50%, а на прозорец со две стакла до 20%. Сè што ви е потребно за да ја нанесете вашата обвивка со меурчиња се ножици и лепило за да ја залепите на прозорецот. Се препорачува да купите обвивка со поголеми меури бидејќи тие ќе овозможат повеќе светлина да влезе во вашата соба.

4. Поставете полици над вашите радијатори.

Ако имате многу високи тавани или вашиот радијатор е поставен под прозорец, полица ќе ја пренасочи топлината во ваша корист. Наместо топлината да оди кон вашиот таван, таа ќе удира во полицата и ќе ја менува насоката. Во случај кога вашиот радијатор е под прозорец со долги завеси, топлината обично се задржува помеѓу прозорецот и завесите. Меѓутоа, ако поставите мала полица, ќе успеете да спречите губење на топлината низ прозорецот.

5. Ставете подлога на вратата.

Понекогаш не сфаќаме колку топлина излегува од нашиот дом низ дното на вратата. Многу е евтин и лесен трик за да го спречите ова е да купите подлога за вратата.