Повеќето родители сакаат да мислат дека нивните деца се генијалци, но вистината е дека сите малечки се посебни на свој начин. Но, прашањето е како кај истите да препознаете висок коефициент на интелигенција?

Постојат знаци кои можат да укажуваат на надпросечна интелигенција, а еве ги 5-те најзастапени:

1. Рано читање

Во просек, децата учат да читаат на шестгодишна возраст. И децата со натпросечна интелигенција се заинтересирани за книги уште од рана возраст. Така започнуваат да читаат порано – од четиригодишна возраст.

Читањето често започнува со совладување на сликовници за животни, но во одреден момент тие почнуваат да препознаваат зборови без никој да ги научи како да го сторат тоа. Таквите деца, во просек, имаат повисок степен на интелигенција.

2. Одлична меморија

Ако забележите дека детето раскажува настан што се случил пред неколку недели или месеци, тоа е показател за одлична меморија и голема интелигенција.

3. Љубопитност

Љубопитноста е тесно поврзана со коефициентот на интелигенција. Ако вашето дете поставува многу прашања и под-прашања и активно го испитува светот околу него, тогаш тоа е над просечен интелигентен.

4. Сака да зборува, особено со возрасните

Ако вашето дете сака многу да зборува, поставува прашања и активно да учествува во разговори со возрасни, на тој начин тоа покажува љубопитност, зрелост и висок IQ.

5. Хумор

Детето кое секогаш прави нови шеги и бара начини да ви ја покаже неговата смисла за својот хумор, а воедно тоа го прави на извонреден начин, тогаш несомнено поседува висока интелигенција.