Нема ништо поубаво и прекрасно од престојот во убав хотел. Не само што сето е уредено и чисто, туку добивате и третман како кралска личност. Персоналот секогаш е тука за вас, за било што.

Многумина од нас ги знаат придобивките од престојувањето во хотел, но во однос на истиот, постојат одредени чести проблеми, за кои малкумина знаат, а кои треба да ги избегнуваме по секоја цена.

Следните 5 работи треба секој од нас задолжително да ги знае, доколку планира да престојува во хотел.

1. Не го кревајте тонот на персоналот

Без разлика на големината на проблемот, секогаш потрудете се да разговарате со смирен тон. Вработените во хотелот се луѓе исто така, кои се тука за да ни помогнат, но сепак не се наши слуги.

2. Не го користете далечинското во собата

Доколку мора да го употребите, тогаш најпрво добро и темелно дезинфицирајте го. Истражувањата покажуваат дека далечинскиот уред е најнечистата точка во една хотелска соба.

3. Не го оставајте накитот наоколу

Можеби никој нема да го украде вашиот накит додека и вие сте присутни во собата, но ако не внимавате каде го ставате, може да си отидете и да заборавите на истиот.

4. Не го поставувајте куферот на креветот

Вашиот куфер треба да стои само на земјата, бидејќи ако го поставите на креветот, ќе ја пренесете и нечистотијата со истиот, а не заборавајте дека по него, вашето лице ќе го поставите на истиот кревет подоцна кога ќе отидете на спиење.

5. Во ниту еден случај не одете боси во хотелот

Постои голема веројатност да добиете габички на стапалата, ако одите боси во хотелската соба и бања, кои не се добро исчистени.