Една жена во секоја ситуација треба да биде жена! За жал, често кај дамите, нивната емотивност ги спречува да ги остварат нивните цели, во поголемиот дел од времето.

Често, неразмислувајќи и водени од нивната емоционалност и чувства, се однесуваат на начин, кој воопшто не наликува на една дама. Притоа, во вакви ситуации не станува збор само за доживеаниот срам, туку како резултат на ова, жените стануваат непривлечни во очите на мажите.

Еве како едноставно секогаш да бидете посакувана жена:

1. Научете да ги контролирате вашите емоции

Да, ова е првата работа која мора да ја совладате, иако на почеток ќе ви се чини како невозможна мисија. Научете да ги изразувате вашите чувства на цивилизиран начин.

2. Бидете мистериозни

Како реклама на интересна книга, од која мажот може да чита само малку по малку, но не и се одеднаш.

3. Не покажувајте дека ви е страв да изгубите

Заборавете на стравот, бидејќи доколку покажете дека се плашите да не го загубите мажот, тогаш тој ќе ја искористи можноста да манипулира со вас и да ве злоупотребува.

4. Не се пониживајте

Колку и да сте вљубени, колку и да не можете да живеете без мажот во кој сте вљубена, секогаш ставајте си себеси на прво место!

5. Не се согласувајте на сè

Ова е многу погрешна тактика. Доколку немате сопствен став или уште полошо, се плашите да го искажете, тогаш интересот кон вас брзо ќе исчезне.