Дури иако вашите деца веќе одамна ја надминале бебешката возраст, секогаш е корисно да имате шише бебешка пудра при рака. Прочитајте во продолжение за кои секојдневни проблеми овој производ е вистинското решение.

1. Густи трепки

Нанесете го првиот слој од  вашата маскара. Кога маскарата малку ќе се исуши, нанесете го слој од бебешка пудра, а потоа повторно од маскара. Со овој едноставен трик ќе успеете за многу брзо време визуелно да ја зголемите густината на трепките.

2. Заплеткан накит

Наместо да губите време сами да го отплеткате накитот, едноставно нанесете бебешка пудра врз зафатените делови од накитот и со нежни движења на вашите прсти, за кратко накитот ќе се врати во неговата правилна форма.

3. Дамки од масло

За да ја впиете и полесно отстраните масната дамка од вашата облека, непосредно пред перењето на истата, нанесете бебешка пудра врз дамката, а потоа исперете ја облеката на вообичаениот начин.

4. Претопла летна ноќ

Топло тело + леплив чаршав = недостаток од квалитетен сон во топлата летна ноќ. Нанесете малку од бебешката пудра меѓу чаршафот и прекривката, за да побрзо се апсорбира потта и вие да биде разладени во текот на целото спиење.

5. Бебешка пудра на плажа

Доколку се вратите од плажа и веќе дома по навика ќе влезете боси, притоа оставајќи количество на песок зад вас, бидејќи истиот немал време да се исуши и не сте можеле да го исчистите со раце, едноставно нанесете бебешка пудра врз влажните места од телото, која лесно ја апсорбира непотребната влага и така песокот за кратко ќе исчезне.