Тајната лежи во правилниот избор на поза и токму во продолжение ви откриваме како визуелно, на многу лесен начин, може да го сокриете вишокот килограми.

1. Направете ги вашите раце да изгледаат потенки

Доколку не сакате вашите раце на фотографиите да изгледаат масивно, едноставно доволно е да не ги притискате кон вашето тело.

Нежно завртете се кон едната страна и поставете ги рацете на колковите. Така ќе создадете простор меѓу вашето тело и рацете, правејќи ги истите да изгледаат многу послабо и поелегантно.

2. Оддалечете ги малку нозете

Со создавање на мало растојание меѓу нозете, многу подобро ќе ја истакнете вашата фигура и ќе направите баланс меѓу вашите пропорции.

3. Ослободете се од двојната брада

Двојната брада лесно може да се појави на фотографијата кај секоја жена. За да се ослободите од истата, едноставно истакнете ја вашата глава напред и поставете ја средината на јазикот кон непцето.

4. Зголемете го задникот, а намалете ја половината

Едноставно благо завртете се, поставете ја едната рака на половината, а другата по должина на колкот. Оваа поза ќе ја направи вашата половина да изгледа потенка, а притоа ќе го истакне задникот.

5. Направете го грбот да изгледа затегнато

Одредени погрешни пози може уште повеќе да го истакнат вишокот килограми, а тоа да допринесе до создавање несакани додатни слоеви на грбот. За да го решите овој проблем, едноставно свртете го напред она рамо што е поблизу до камерата.