Околу 80% од возрасните луѓе, во одреден момент од својот живот, се соочуваат со болка во грбот. Статистичките податоци се дури алармантни!

Иако лековите може да помогнат, добро е да се знае и некои начини, кои по практикувањето, немаат несакани последици. Во продолжение ви откриваме токму такви техники, кои ќе ве спасат од болката во грбот, а техники кои лесно може да ги изведете дома и во било кое време:

1. Мачка која се протега на стол

Мачкиното протегање може најдобро да помогне во целосно протегање на телото, а најмногу и грбот, притоа олеснувајќи ја напнатоста на мускулите во грбот. Техниката може да ја подобрите, со вклучување на стол во истата. Столот ќе ви биде од голема помош, особено по напорниот работен ден, по кој немате многу енергија.

Поставете мека перница меѓу вас и столот. Клекнете на колена и наведнете го вашето тело преку столот. Опуштете се најмногу што можете и дозволете му на ‘рбетот да се свитка, заземајќи кружна положба. Главата треба да ви виси надолу. Останете во оваа положба, сè додека не почувствувајте опуштање на болката во мускулите.

2. Топли камење за опуштање и заздравување

Доколку не најдете специјални камење наменети за овој тип на масажа, може да си најдете и сами во природата или купечки обични. Единствениот услов е тие да бидат во кружна форма. Со поставување на затоплените камење на акупресурните точки на грбот, ќе успеете да се ослободите од тензијата во мускулите и да го поттикнете процесот на заздравување на целото тело.

Истовремено, добро би било да се консултирате со лекар, на кои места, точни да ги поставите камењата.

Како да ги подготвите и употребите камењата

  • Затоплете ги камењата. Подгответе ги 30-60 минути пред да започнете со масажата. Водата во која ќе ги затоплувате не треба да ја надминува температурата од 54°C.
  • Потоа врз камењето нанесете масло за масажа.
  • Не го поставувајте затоплениот камен директно врз вашата кожа, без претходно бавно и полека да започнете да го движите истиот по грбот, за да се навикне телото.
  • Легнете со грбот свртен надолу. Поставете ги камењата по должина на вашиот ‘рбет и опуштете се. Потребни се 3-4 минути за да топлината од камењата навлезе во кожата.

3. Користете ги акупресурните точки

Точките на акупресурата се исклучително корисни за ослободување од болката во грбот и користењето на оваа техника нема да ви даде непосакувани ефекти. Може безгрижно да ја практикувате вежбата во вашата секојдневна рутина.

Акупунктурата е древна кинеска физикална терапија, која денес станува се повеќе и повеќе популарна, бидејќи веќе е докажан метод за отстранување на овој тип на болки. Техниката го стимулира нервниот систем и го поттикнува ослободувањето на хемикалии во организамот, кои ќе ве ослободат од болката во грбот.

Некои од акупунктурните точки се лоцирани во задниот дел од колената, колковите и стомакот.

Како да ги притиснете точките

  • Користејќи го вашиот палец, притиснете ја точката која сте ја одбрале и задржете така неколку минути.
  • Со бавно движење, кренете го палецот од точката.

4. Хиропрактична техника за болки во долниот дел од грбот

Оваа техника е подеднакво одлична алтернатива и замена за лекарствата. Хиропрактичната спинална манипулација ефикасно делува за отстранување на болките во долниот дел од грбот.

Пред практикување на оваа техника, потребна е лекарска консултација, за да не му нашетите на вашиот ‘рбет, при што за изведување на истата, најдобро би било да се побарате помош од професионалец во оваа област.

Се проценува дека со помош на оваа техника се лекуваат годишно повеќе од 35 милиони Американци.

Бонус: Техника на пловење која ќе го обнови грбот и целото тело

Оваа техника се смета за исклучително моќна, која ќе ви овозможи на многу брз начин да се ослободите од болките во грбот. Терапијата на принципот на пловење се базира на комбинацијата од магнезиум, вода и воздушна температура, која се користи за да го поттикне телото да оздрави.

Техниката е особено корисна за оние кои страдаат од хроничен стрес и хронични болки во грбот.

Како се одвива постапката

  1. Влезете во кадата или базенот, притоа исклучувајќи се од сите надворешни стимулации, вклучувајќи го и звукот.
  2. Во тишина и темнина, вашето тело започнува да лебди и мозокот навлегува во длабоко релаксирачка состојба.