Не сите славни личности го трошат своето богатство на луксузен живот, купувајќи јахти и авиони. Постојат и такви ѕвезди кои претпочитаат да им помагаат на другите, донирајќи милиони во хуманитарни цели.

1. Кијану Ривс

Кијани води многу едноставен начин на живот, а добар дел од времето го поминува комуницирајќи со бездомници. Во принцип, тој не е обожавател на луксузниот начин на живот, за кој вели дека и не го разбира многу.

Дури и откако стана богат и славен, тој не си купи куќа, туку останал да живее под кирија, воедно нема сопствен автомобил и патува со јавен градски превоз.

Ривс има создадено фонд за лекување на рак, а неговата сестра која страдаше од леукемија го поттикна на овој чекор. Истовремено, тој се бори за правата на животните и финансира разни еколошки проекти.

2. Леонардо ди Каприо

Заработувајќи вртоглави суми од неговиот актерски талент, Ди Каприо сфати дека парите не го прават човекот среќен. Во 1998-та година, актерот создаде хумантарна фондација, во која за почеток донираше 15 милиони долари, а инвестираше и во 30 различни организации кои се борат за добри цели.

3. Кејт Мидлтон

Медиумите постојано ја обвинуваат војвотката од Кембриџ дека се однесува несоодветно како член на кралското семејство. Но, Кејт не обраќа внимание на овие лоши гласини, туку наместо тоа ја покажува нејзината скромност на дело, секогаш носејќи облека не од високата мода, туку од брендовите како Зара и Н&M, кои може да си ги дозволат повеќето луѓе, а притоа учествува и во бројни хуманитарни организации.

4. Анџелина Џоли

Во 2001-та година, за време на снимњаето на филмот „Лара Крофт“, во Камбоџа, кај актерката се роди интересот за хуманитарните цели, откако имаше можност да види како живеат тамошните жители.

Џоли создаде неколку хумантирарни фондации за помош на децата во Африка, при што во 2013-та година, актерката беше наградена со хуманитарен Оскар за нејзината дејност.