Ненадејно губење на острината на видот, покрај тоа што може да биде навистина вознемирувачки, може да биде и предупредње кое го испраќа нашето тело дека нешто не е во ред и дека ни е потребна лекарска помош.

Освен вообичаените фактори што предизвикуваат заматен вид, причината може да биде и поврзана со потешки заболувања, а во продолжение прочитајте за кои станува збор:

1. Дебелина

Лекарите велат дека нашата телесна тежина е директно поврзана со здравјето на нашите очи. Дебелината е поврзана со многу заболувања на очите, како на пример, катаракта. Во случај на пациент кој се здобил со огромна тежина и одеднаш почнал да го губи видот, доктор открил дека причината е неговата дебелина. Потоа, пациентот бил поставен на диета со малку маснотии за да изгуби тежина, заедно со орални лекови за да помогне во закрепнувањето на видот.

2. Мигрена

Тешката мигрена исто така може да предизвика проблеми со видот и, поточно, да предизвика заматен вид, заедно појава на брановидни линии и дамки при гледањето. Овој вид на мигрена се нарекува мигрена со аура, што претставува тешка главоболка.

3. Реакција на депресија, вознемиреност или тага

Проблемите со менталното здравје честопати доведуваат до сериозни психосоматски проблеми, особено за луѓе кои се занимаваат со анксиозни нарушувања или депресија. Едно истражување во Велика Британија открило дека меѓу повеќе од 100.000 волонтери кои се соочиле со заматен вид, голем процент од истите, страдале и од проблеми со менталното здравје.

4. Епилепсија

За време на епилептичен напад, личноста може да доживее, меѓу другите симптоми, и губење на видот и појава на заматен вид. Ефектот е најтежок кај посложените напади кога лицето исто така ја губи свеста.

5. Бременост

Ова можеби ќе ве изненади, но бременоста е исто така една од веројатните причини за заматен вид. Понекогаш идната мајка може да има проблеми со очите, кои се резултат на хормонални промени.

6. Розово око

Веројатно секој барем еднаш ја искусил појавата на т.н  „розово око“. Ова интензивно црвенило и оток на очниот капак е научно наречено конјунктивитис, а покрај тоа предизвикува нејасен вид, а понекогаш и чувство на горење и чешање.

7. Тумор на мозокот

Оваа причина иако е ретка, сепак за жал, е возможнна. Туморот на мозокот може да предизвика, меѓу другите симптоми, проблеми со видот – како заматен вид и гадење. Туморот  го притиска мозокот и овој притисок може да предизвика неколку различни симптоми во неколку области на нашето тело, вклучувајќи ги и очите.

8. Псоријаза

Псоријазата е кожна болест која може сериозно да влијае на нашиот вид. Покрај симптомите на кожата, како болка, црвенило и иритација, псоријазата може да предизвика состојба на окото наречена увеитис, што е воспаление на очите што доведува до заматен вид и чувствителност на светлина.

9. Мозочен удар

Лекарите се навистина директни кога зборуваат за ова- Доколку доживеете ненадеен заматен вид, придружено со еден или повеќе симптоми, како вртоглавица, губење на рамнотежа, вкочанетост на лицето и телото, проблеми со зборувањето или слабост, повикајте брза помош затоа што постои можност да имате мозочен удар.

10. Висок или низок крвен притисок

Прееклампсијата е сериозна болест која е поврзана со многу висок крвен притисок и протеини во урината. Обично влијае на жени кои никогаш немале висок крвен притисок, но го доживуваат во текот на бременоста. Секоја ненадејна промена на видот за време на бременоста треба да се провери, според лекарите.

Од друга страна, хипотензијата (низок крвен притисок) исто така може да предизвика заматен вид, вртоглавица и гадење. Тоа е навистина вообичаена состојба, обично е безопасна и симптомите не траат повеќе од неколку минути.

11. Паркинсова болест

Паркинсовата болест влијае на нервниот систем и, за жал, истата може да го наруши видот. . Започнувајќи со заматен вид, проблемот може да се влоши, што  пак, може да доведе до делумно или целосно губење на видот.

12. Хипертироидизам

Во случај на хипертироидизам, чувствата на слабост и исцрпеност се навистина вообичаени, вклучувајќи го и заматениот вид. Во оваа состојба, тироидната жлезда не работи правилно, односно произведува повеќе хормони, што пак негативно се одразува на телото.

13. Дијабетес

Заматениот вид, особено кога се комбинира со губење на тежината, може да биде знак на дијабетес. Во зависност од неговиот вид, дијабетесот може да предизвика состојба на окото наречена дијабетична ретинопатија. Високото ниво на шеќер во крвта, што е во основа она што го создава дијабетесот, полека ги оштетува крвните садови во мрежницата на нашите очи и го влошува видот.