Дали досега ви се случило да паднете во мрежата на некој манипулатор? Најверојатно кога сте станале свесни за тоа, веќе било предоцна. А дали некогаш сте помислиле дека играта на манипулирање, кои овие луѓе ја обожаваат, можеби е поврзана со нивниот хороскопски знак?

Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).

Еве кои се 4-те хороскопски знаци кои според астролозите, се вистински кралеви на манипулацијата:

1. Вага

Како хороскопски знак кој е секогаш учтив и се бори за рамнотежа во животот, можеби ќе се изненадите што ќе ги најдете Вагите на оваа листа, но всушност токму на истата е нивното вистинско место.

Тие ја сакаат хармонијата, но само нивната лична. Тие ретко би избрале страна во одредена дискусија, но со сигурност би излажале, само да за избегнат конфликт.

2. Скорпија

Скопријата е најмистериозниот знак во хороскопот. Таа умее да ги сокрива нејзините емоции, мисли, но притоа има и способност да имитира и манифестира лажни чувства. Внимавајте со неа! Таа ги знае сите ваши слабости и секоја од нив би ја искористила во нејзина полза.

3. Близнаци

Тие умеат толку добро да манипулираат со луѓето, при што речиси секогаш го добиваат она што го сакаат. Близнаците лесно ќе ве направат да се чувствувате добро во нивна близина, да им се доверите и тогаш кога најмалку ќе очекувате, тие ќе ви забодат нож во грбот, бидејќи веќе немаат потреба од вас.

4. Рак

Тука станува збор за други вид на манипулација. Ракот е многу чувствителен и затоа најчесто е жртва на сопствените емоции. Претставниците на овој хороскопски знак ги придобиваат луѓето околку нив, глумејќи разбирање и грижа.