Токму бидејќи се наоѓаме во сезоната на ова уникатно цитрусно овошје, во продолжение ви откриваме 4 одлични употреби на кората од мандарината, благодарение на кои веќе никогаш нема да ја фрлите истата.

1. За долготраен свеж мирис на облеката

Најверојатно досега имате приметено дека по долго стоење во плакарот, облеката добива чуден специфичен мирис. Поставете неколку исушени кори од мандарина внатре во плакарот и пријатниот мирис ќе биде загарантиран и долготраен.

2. Против молци

Исушената кора од мандарините ќе ви помогне 100% ефикасно да се ослободите од здодевните молци. Едноставно треба да поставите многу кори на местата од домот каде инсектите се појавуваат.

3. Ароматичен зачин

Исушете ја кората од мандарините, а потоа сомелете ја, до нејзино претворање во прав. Правот може да го употребите како ароматичен зачин и додаток кон многу вкусни јадења и напитоци, а одличен вкус ќе даде при приготвувањето на маринада.

4. Освежувачка маска за лице

Измешајте 1 кафена лажица од прав од сомелените исушени кори од мандарината со 1 кафена лажица кисела павлака, а потоа кон смесата додадете и жолчка. Нанесете ја маската на лицете, оставете ја да дејствува одредено време, а потоа исплакнете со вода.