Уште во древно време, нашите предци обожавале да консумираат чај, токму поради фактот што разните видови на чај имаат огромен позитивен ефект врз нашето здравје и честите здравствени проблеми. А денес ви откриваме 4 извонреди примени на ќесичките од чај:

1. Може да ви помогнат да се ослободите од црнките и акните на лицето

Зелениот чај е богат со антимикробни и антивоспалителни својства, што го прави идеално решени за здодвените црнки и акните на лицето. Измешајте 2 ќесички зелен чај со топла вода и мед и така пригответе природна маска за лицето. Оставете ја истата да дејствува 20 минути на вашето лице и за кратко ќе ги забележите посакуваните резултати.

2. Може да ја ублажат забоболката

Еден од најлесните начини да се ослободите од непријатната забоболка е со локална употреба на ќесичка чај од нане. Истиот има моќни антибактериски својства и да ја ублажува болката. Едноставно поставете и нежно притиснете лесно затоплена ќесичка чај од нане врз болниот заб, додека болката да исчезне.

3. Можат да ја намалат подуеноста и вцрвенувањето на очите

По помината ноќ со лошо спиење, не е необично да се разбудите со подуени и вцрвенети очи. Но, ладната облога од ќесички од зелен чај може веднаш да го врати свежиот изглед на вашето лице.

4. Може да ги ублажи воспалените брадавици за време на доењето

Доењето е волшебен момент кој најдобро ги поврзува мајката и детето, но овој процес неретко е пропратен со непријатна болка. Во тој случај, чајот од нане може да биде неверојатен лек кој лесно ќе ја ублажи болката. Едноставно направете облога со топли ќесички чај од нане и внимателно нанесете ги на надразнетите брадавици.