Секој од нас барем еднаш во животот се соочил со тоа ненамерно да си го изгори јазикот, како последица на премногу лута храна, премногу топла храна или напиток. Сите знаеме колку непријатна знае да биде таквата болка бидејќи се повредени рецепторите на јазикот.

Но, без грижи, токму денес ви откриваме 4 ефикасни начини што да направите за да веднаш брзо ја спречите болката откако ќе си го изгорите јазикот:

1. Исплакнете го јазикот со солен раствор

Исплакнете го јазикот со ладна вода измешана со сол. Овој метод се смета за еден од најефикасните благодарение на фактот што солената вода има антисептичен ефект.

2. Потопете го јазикот во млеко

Потопете го јазикот во ладно млеко и почекајте неколку минути. Може да ја повторите постапката доколку повторно ја почувствувате болка. Млекото претставува совршена алтернатива за водата, кое значително ја ублажува болката.

3. Нанесете мед врз изгореното место и одредено време не го голтајте

Медот има моќно смирувачко својство, а покрај тоа има пријатен вкус. Доколку не сте алергични на мед, земете малку од истиот и покријте го подуениот јазик со него. Оставете го така да отстои неколку минути, а потоа слободно голтнете го.

4. Дишајте преку устата како што прават кучињата

Ова е можеби најдобриот начин кога до вас ќе немате ниту вода, ниту млеко, ниту пак мед. Откако сте го изгореле јазикот, обидете се на истиот да му дадете воздух што е возможно повеќе. Може да ја копирате техниката за дишење од кучињата.

Исто така, поставувањето коцка лед, сок од алое вера, коцка шеќер или ментол гума за џвакање може да ви помогнат во ваква непријатна ситуација.