Сите понекогаш користиме мали, бели лаги кога сакаме да се извлечеме од незгодна ситуација или да др оправдаме дека доцниме, но има луѓе за кои лажењето е секојдневие!

Овие луѓе често ќе измислат нешто, не затоа што е неопходно, туку затоа што таквото однесување стана веќе им станало навика. Патолошкиот лажго е е личност која има долга историја на вешто лажење за кое нема видлив психолошки мотив или корист. Дури ниту науката до ден денес нема точен одговор зошто овие луѓе лажат веднаш штом ќе прозборат.

Заеднички карактеристики на патолошки лажговци:

  • Нарцисоидност
  • Себичност
  • Опсесија, потреба од контрола и компулсивно однесување
  • Импулсивност
  • Агресивност
  • Љубомора
  • Манипулативно однесувањо
  • Социјална неусогласеност
  • Ниска самодоверба
  • Бес

Начините на кои овие луѓе го манифестираат нивното лажење

1. Тие не се емпатични

Вештиот лажливец нема морални ограничувања или сочувство за тоа како неговото лажење влијае на чувствата и реакциите на другите околу него. Пред да каже некоја лага, тој воопшто не размислува за можните последици и не се грижи за истите. Тие немаат можност да размислуваат за тоа како може да се чувствува другата личност заради своите лаги, односно им недостасува емпатија.

2. Тие не се чувствуваат виновни за лажењето

Едно лице кое лажело и има нормално ниво на емпатија и грижа за другите, ќе чувствува олеснување кога разговорот ќе се одвива на тема која не е поврзана за она за што излажале. На патолошкиот лажливец не му пречи да биде испрашуван.

3. Ги совладува нивниот гнев

Се сеќавате како се чувствувавте како дете кога вашите родители, пријател или професор ќе ве фатеа во мала лага? Дали чувствувавте вина, тага или страв дека личноста веќе нема да има добро мислење за вас? Патолошките лажговци не го чувствуваат тоа, а некои истражувања покажуваат дека на овие луѓе не им е непријатно кога ќе ги фатите како лажат, но можат да станат агресивни и лути кога ќе бидат разоткриени.