Бадемовото масло е многу ценето поради неговите илјади квалитети. Тоа е богато со витамин Д, витамин Е, како и различни минерали кои помагаат за смирување на надразнетата кожа, штитат од ултравиолетови зраци и сл.

Древните кинески лекари го користеле бадемовото масло за навлажнување и омекнување на кожата, како и за заздравување на мали рани и повреди.

Денес бадемовото масло има широка примена во козметиката, е еве кои 3 негови употреби се помалку познати на повеќето луѓе:

1. Отстранување на шминка

Бадемовото масло е одлична алтернатива на лосион за чистење. Нанесете од маслото врз памучен туфер и внимателно со истиот, избришајте го вашето лице. Благодарение на неговата текстура, маслото ќе успее да ја отстрани и најтврдокорната шминка. На крај измијте го лицето со топла вода.

2. Грижа за очите

Измешајте неколку капки од бадемовото масло во вашата омилена крема за лице и нанесете ја добиената смеса врз зоната околу очите. Тоа ќе ви помогне да ја осветлите кожата и да се ослободите од темните кругови.

3. За трепки и веѓи

Потопете памучен туфер во бадемово масло и поминете по линијата на веѓите и трепките. Тоа ќе ги излекува фоликулите на влакната и истите ќе ги направи погусти. Најдобро е третманот да го правите пред спиење.

4. Против стареење

Маслото од бадем е неверојатно моќно средство во борбата против стареењето. Тоа го стимулира производството на колаген и ја спречува појавата на брчки. Измешајте 1 жолчка, 2 кафени лажици бадемово масло и 2 кафени лажици мед. Нанесете ја маската врз лицето да дејствува 15 минути, а потоа исплакнете со топла вода.