При моменталната ситуација која се случува во светот со коронавирусот, најверојатно веќе сте забележале дека на полиците во маркетите исчезнаа средствата за дезинфекција, течните сапуни, крпи со алкохол и сл.

Токму за оваа цел, експертите по хигиена ни откриваат, како во ваква ситуација, при недостаток на соодветни средства да го исчистиме нашиот дом и да се заштитиме себеси од вируси.

Алтернатива на средство за миење раце

Миењето на раце е првата и најважна работа која мора да ја направиме, па доколку не постои сапун, антибактериски гел и алкохолни крпи за дезинфекција, може да приготвите смеса од спирт, дестилирана или преварена вода и по желба, малку глицерин или гел од алое вера. Пропорциите треба да бидат измешани на начин што треба во составот да има 60% спирт.

Чистење на облеката и обувките

Облеката како палта и јакни не се перат секој ден, при што најдобро е да ги соблечете до влезната врата и да ги оставите да се проветрат 3 часа. Ракавиците и шаловите кои сме ги носеле тој ден, треба веднаш да се исперат.

Обувките исто така треба да бидат соблечени во ходникот.

Најнечистото место во домот е кваката на вратата

Во случај на недостаток на средства за дезинфицирање, најлесно е да се направи  домашна варијанта од вода и белило, со цел ефикасно да ги отстраните сите нечистотии и да се заштитите од вирусите. Измешајте вода со белило во сооднос 9:1, измерено во чаши.

Неопходно е и од голема важност да се одржува чистотата на кваките, бидејќи според експертите, на овие места, вирусите може да се задржат и до 8 часа, доколку не се исчистат.

Исто така, кога излегувате или во домот, секогаш одбирајте ракавици за еднократна употреба.

Во продолжение прочитајте како правилно да го исчистите вашиот телефон за да се заштитите себеси.