Покрај кршливата коса, кршливите и слаби нокти се исто така еден од најчестите секојдневни проблеми, а токму денес ви откриваме како да ги зајакнете, да го спречите нивното кршење и да се ослободите од пожолтениот изглед со овие 3 златни природни рецепти!

1. Пилинг со сок од лимон и сода бикарбона

За да заштедите одење во козметичкиот салон, можете многу едноставно да ги избелите и длабински прочистите и во домашни услови. Измешајте сок од лимон и сода бикрабона до добивање на хомогена паста и со помош на четка за заби исчистете ги ноктите. Доколку сакате само да ги избелите, потопете памучен туфер во сок од лимон и поминете преку нивната површина.

2. Масло од чајно дрво

Познато по неговите чудесни антигабични својства, маслото од чајно дрво исто така ќе ви помогне да ги одржите вашите нокти во здрава и цврста форма. Со помош на памучен туфер, нанесете од маслото врз вашите нокти и за кратко ќе имате совршен изглед.

3. Краставица

Ако често страдате од кршливи нокти, може на природен начин брзо да се ослободите од овој непријатен проблем, со едноставно нанесување на краставица. Таа не само што е богата со витамините А, Е, Б1, Б3 и Ц, туку истоврмено содржи железо и калциум. Потопете ги вашите нокти во сок од краставица на 5 минути.